Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе преземе целосна контрола врз украинскиот регион Донбас на сила доколку украинските сили не се повлечат – нешто што Киев категорично го отфрли.
Путин испрати десетици илјади војници во Украина во февруари 2022 година, по осум години борби меѓу сепаратистите поддржани од Русија и украинските трупи во Донбас, кој ги опфаќа регионите Донецк и Луганск.
- Или ќе ги ослободиме овие територии со сила на оружје, или украинските трупи ќе ги напуштат овие територии, изјави Путин за „Индија денес“ пред неговата посета на Њу Делхи, според снимките прикажани на руската државна телевизија.
Украина вели дека не сака да ѝ даде на Русија територија што Москва не успеа да ја освои на бојното поле, а украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва не треба да биде наградена за војната што ја започнала.
Околу 5.000 квадратни километри од Донецк остануваат под украинска контрола.











