Путин ја сака Меланија повеќе од Трамп! Првата дама на Америка омилена меѓу Русите

2532
EPA-EFE

Американскиот претседател Доналд Трамп откри дека за време на телефонскиот разговор за крајот на конфликтот во Украина со неговиот руски колега Владимир Путин, ја допрел темата за американската прва дама Меланија, која по потекло е од Словенија.

Трамп тврди дека Путин му рекол дека тој и Русите ја сакаат Меланија повеќе од него.

Шефот на Белата куќа, зборувајќи во Роуз Гарден на потпишувањето на законот за забрана на порнографија генерирана од вештачка интелигенција со лица на вистински луѓе, на новинарите им понуди увид во неговиот разговор со Путин.

На потпишувањето присуствуваше и Меланија, која се бореше за споменатиот закон во Конгресот. Ова го потсети Трамп дека и неговата сопруга била тема на разговорот со Путин, кој заврши непосредно пред церемонијата на потпишување на новиот закон.

Трамп рече дека Путин ја пофалил првата дама со зборовите: „Вашата сопруга е многу почитувана, Америка има среќа што има таква прва дама“.

Трамп, пак, ја прифатил пофалбата со насмевка и со хумористичен тон прашал: „А што мислат тие за мене?“

Путин, не останувајќи должен, се пошегувал и одговорил: „Не, нејзе повеќе ја сакаат од вас“.

Претседателот на Америка изјавил дека тоа воопшто не му пречи, сугерирајќи дека е импресиониран од пофалбите на Меланија.

ИЗДВОЕНИ