Путин испрати порака до САД за Иран

98

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американските воздушни напади врз Иран се „апсолутно неиспровоцирана агресија“ и додаде дека „нема никакво оправдување или основа“ за такви потези.

Путин ова го изјави во Москва за време на состанокот со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, додека продолжува ескалацијата на конфликтот меѓу Иран, Израел и САД.

„Ова е апсолутно неиспровоцирана агресија против Иран. Нема основа и оправдување“, порача рускиот претседател.

Тој додаде дека ставот на Русија за актуелните настани веќе е јасно изразен и артикулиран од руското МНР. Претходно руското министерство издаде официјално соопштение во кое Москва „остро ги осуди американските напади врз иранските нуклеарни постројки“ и повика на итен прекин на агресијата и зајакнување на дипломатските напори за смирување на ситуацијата.

Израел започна воена операција против Иран ноќта на 13 јуни, а Исламската Република возврати со напад помалку од 24 часа подоцна. Нападите продолжуваат, при што двете страни известуваат за смртни случаи и повредени, како и за удари на повеќе цели.

Соединетите Држави се вклучија во вооружениот конфликт девет дена откако тој ескалираше, ноќта на 22 јуни, американски бомбардери нападнаа три ирански нуклеарни постројки: во Фордо, Натанц и Исфахан.

ИЗДВОЕНИ