Утрово, за време на разговор со новинарите, прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, кажа кога се очекува денешниот телефонски разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп.
„Телефонски разговор меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, е закажан за 17 часот по московско време (16 часот кај нас), објави ТАСС.
„Секако, разговорот е важен, имајќи ги предвид разговорите одржани во Истанбул“, рече Песков, пренесува РИА Новости.