Путин и Мадуро потпишаа договор за стратешко партнерство и соработка

124
EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, денеска по средбата во Кремљ потпишаа Договор за стратешко партнерство и соработка меѓу двете земји.

Венецуела и Русија се договорија, меѓу другото, да ги зајакнат одбранбените врски и да спроведуваат воено-техничка соработка во интерес на зајакнување на одбранбените капацитети и безбедноста, како и да соработуваат во борбата против тероризмот и екстремизмот.

Путин и Мадуро се согласија да се спротивстават на едностраните санкции, кршењето на Повелбата на ОН и манифестациите на неоколонијализмот, како и „глорификацијата на нацизмот и искривувањето на историјата“, пренесува РИА Новости.

ИЗДВОЕНИ