Рускиот претседател Владимир Путин и венецуелскиот лидер Николас Мадуро денес телефонски разговараа за развојот на меѓусебните односи меѓу двете земји, соопшти денес прес-службата на Кремљ.
„Шефовите на државите разменија мислења за понатамошниот развој на пријателските руско-венецуелски односи во согласност со договорот за стратешко партнерство и соработка што стапи на сила во ноември оваа година“, се вели во соопштението, пренесе ТАСС.
Според соопштението, Путин изразил солидарност со венецуелскиот народ и ја потврдил својата поддршка за курсот на владата на Мадуро, кој е насочен кон заштита на националните интереси и суверенитетот во услови на растечки надворешен притисок.












