Путин ги посети војниците: Ги зазедовме Мирноград и Гуљајпоље

308
EPA/ALEXANDER KAZAKOV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин посети еден од командните пунктови на руските вооружени сили, каде што беше информиран дека руските сили ги зазедоа украинските градови Мирноград и Гуљајпоље, објави Кремљ во саботата.

Путин доби извештај од началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, како и од командантите на руските воени групи „Центар“ и „Исток“.

Путин е информиран дека руските сили го зазедоа градот Мирноград во регионот Донецк во Украина, како и Хуљепоље во регионот Запорожје во Украина, објави Кремљ на својот Инстаграм канал.

Украинската армија во својот редовен извештај од бојното поле во саботата објави дека нејзините сили ги одбиле руските обиди да напредуваат во близина на Мирноград и Хуљајпоље.

Мирноград се наоѓа околу пет километри источно од Покровское во источна Украина, а пред војната имал население од нешто помалку од 50.000 жители. Хуљајпоље е мал град, но важен сообраќаен центар каде што се воделе најинтензивните борби на тој дел од фронтот во последните денови.

ИЗДВОЕНИ