„Путин е виновен за се!“ Руско божиќно пропагандно видео го шокираше светот

125

Руската државна телевизија „Russia Today“ објави провокативно пропагандно видео во кое се прикажува како европските влади го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин за сите лоши работи што се случуваат во Европската унија и нејзините земји-членки. Видеото, кое се појавува како телевизиска реклама, брзо стана вирално на социјалните мрежи, во медиумите и на бројни телевизиски канали.

Видеото е снимено во контекст на денешниот католички Божиќ, според грегоријанскиот календар. На видеото се прикажани неколку семејства кои го слават Божиќ со своите семејства, но тие се борат со инфлација, високи сметки за струја и имаат цврст став кон пристигнувањето на мигрантите во нивната земја, а видеото им „објаснува“ дека Путин е виновен за сè, како што тоа го објаснуваат европските влади.

Во видеото се појавуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Во еден момент, познатиот британски ТВ водител Пирс Морган дури е виден како го критикува Путин во својата емисија и „го обвинува за сè“, според видеото прикажано од руската државна телевизија.

Москва снима и емитува слични пропагандни видеа во Европа уште од почетокот на војната во Украина. Во видео од декември 2022 година, се гледа како едно семејство го јаде својот хрчак затоа што нема пари за намирници, со пораката „Среќен Божиќ антируски настроени“.

ИЗДВОЕНИ