Американскиот претседател Доналд Трамп по телефонскиот разговор со рускиот лидер Владимир Путин изјави дека нема да ги заостри санкциите против Русија за да не го комплицира процесот на решавање на украинската криза.
„Мислам дека сега има шанса да се направи нешто сега, и ако би направил такво нешто (да ги проширам санкциите), тогаш работите би можеле да бидат многу полоши“, им рече тој на новинарите во Белата куќа.
На прашањето дали верува дека Путин сака мир и дали има доверба во него, Трамп одговори потврдно.
Американскиот претседател го нарече Путин „пријатен господин“.
Имавме добар разговор, мислам дека постигнавме напредок“, рече тој.
Путин и Трамп разговараа телефонски во понеделникот, а најголемиот дел од разговорот беше посветен на Украина. Според рускиот претседател, телефонскиот разговор траел повеќе од два часа. Путин истакна дека Русија е подготвена да работи заедно со украинската страна на меморандум во врска со идниот мировен договор.
По разговорот Трамп посочи дека не воведува нови санкции кон Русија бидејќи има шанса да се реши украинската криза.
Трамп, исто така, им порача на европските лидери дека санкциите не се добра идеја.
Порталот „Аксиос“ објави дека по разговорот со Путин, американскиот претседател ги информирал лидерите на ЕУ и Володимир Зеленски дека не ја поддржува идејата за заострување на антируските санкции.
„За време на разговорот, европските лидери прашаа за можноста САД да воведат нови санкции кон Русија, но Трамп рече дека не ја смета за добра идеја, што укажува дека мислел дека Путин сака договор со Украина“, се наведува во написот.