Путин: Ако разговорите со Украина не успеат, Русија ќе мора да ги постигне своите цели по воен пат

277

Москва ќе ги постигне своите цели во Украина воено ако разговорите со Киев не успеат, предупреди денес рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека неговите сили остануваат „во офанзива“ на целиот фронт, пренесе „Бета“.

„Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата. Во спротивно (доколку разговорите не успеат), ќе мора да ги решиме нашите проблеми воено“, рече Путин, кој е во Пекинг.

Рускиот претседател додаде дека сите групи на руските вооружени сили се во офанзива во сите сектори на фронтот.

Путин изрази верување дека украинските сили немаат средства за спроведување „офанзивни операции од големи размери“ и едноставно се обидуваат да ја задржат својата позиција.

Поголемата и подобро опремена руска армија напредува на одредени делови од фронтот со месеци, главно во регионот Донецк на исток, и покрај големите загуби.

Путин повторно го оспори легитимитетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи го „шеф на украинската администрација“ и уверувајќи дека ќе биде подготвен да се сретне со него.

„Ако Зеленски е подготвен, нека дојде во Москва“, рече Путин.

Москва го обвинува Зеленски дека е „нелегитимен“ бидејќи неговиот петгодишен претседателски мандат истекува во 2024 година. Сепак, вонредната состојба, која е на сила во Украина од почетокот на руската инвазија на почетокот на 2022 година, го спречува одржувањето на изборите.

ИЗДВОЕНИ