Пустинската метропола преку ноќ стана нова Венеција/ВИДЕО

67

Обилните дождови во Дубаи, проследени со силни грмотевици, за кратко време, ги претворија улиците во реки. Водата го парализираше сообраќајот и предизвика доцнења на летовите на аеродромите во Дубаи и во Абу Даби. Поради нестабилните временски услови, полицијата ги повика граѓаните да останат во своите домови барем до петок попладне, додека на приватниот сектор му беше советувано да работи од дома.

Националниот центар за метеорологија на Обединетите Арапски Емирати, претходно, предупреди за обилни врнежи од дожд низ целата земја. Поројните дождови особено ги погодија областите со неразвиени системи за одводнување. Според официјалните податоци, ова не е прва поплава во Дубаи, но е предизвикана од најинтензивниот дожд во ОАЕ во последните 76 години.

ИЗДВОЕНИ