Пуштено во употреба реконструираното повеќенаменското игралиште во студентскиот дом „Гоце Делчев“

95

Денеска е пуштено во употреба реконструираното повеќенаменско игралиште-спортски центар во студентскиот дом „Гоце Делчев“, во населбата Тафталиџе .

На пуштањето во употреба присуствуваа гГрадоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски и директорот на Државниот студентски дом-Скопје Александар Каровски.

– Извршена е комплетна санација и реконструкција на просторот за спорт и спортски активности, во состав на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во општина Карпош . Студентите отсега ќе имаат на располагање за користење и рекреакција современо уредени игралишта за фудбал и за кошарка со полипропиленски под. Оваа реконструкција е изведена во две фази, а целата инвестиција изнесува околу 4 милиони денари – нагласи Лукровски.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека станува збор за проект во рамките на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ земјата и дека ресорното министерство и во иднина, ќе вложува и ќе финансира во вакви проекти се со цел да се подобри постојната и да се изгради нова спортска инфраструктура, со што значително ќе се подобрат условите за спортување.

-Приоритет за користење на спортското игралиште ќе имаат студентите од овој студентски дом, но и сите карпошани. Затоа, јас како министер и ние како министерство и во иднина постојано ќе се заложуваме и ќе инвестираме во подобрување на условите за спортските активности кај нас, се разбира и во Општина Карпош – нагласи Ристовски.

Директорот на Државниот студентски дом-Скопје, Александар Каровски, потенцираше дека овој простор од запуштено и со години нереновирано игралиште, прераснува во спортски мултимедијален комплекс , кој најмногу ќе го користат студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“.

 

ИЗДВОЕНИ