Билетите за најголемото ракометно дерби во Македонија меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер се пуштени во продажба и ќе чинат 250 и 300 денари. Дуелот ќе се одигра на 1 октомври, со почеток во 19:00 часот, во СЦ „Јане Сандански“.
Продажбата на билетите ќе се одвива на два начина: онлајн, преку официјалната платформа ticketx.com.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“, секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот. Цени на билетите: 300 денари за блоковите А2, А3, А5 и А6, а 250 денари за сите други блокови (1, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14, 15, 16).