Пуштена во употреба мерна станица за следење на квалитетот на воздухот

14

Во Делчево е поставена и пуштена во употреба мерна станица која ќе го следи квалитетот на амбиенталниот воздух, односно концентрацијата на ПМ10 честички, температурата и влажноста на воздухот.

Активноста, како што истакна делчевскиот градоначалник, Горан Трајковски, се  реализира како дел од проектот „Спречување на загадувањето на воздухот со помош на едукативни технички решенија – Набавка на станица за мерење на квалитет на амбиентален воздух“.

–Здравата животна средина е наш приоритет и стратешка заложба. Контролата на квалитетот на воздухот, особено во близина на индустриски капацитети и транспортната инфраструктура, е неопходност во борбата против загадувањето. Ова е само еден чекор кон поквалитетна животна средина – истакна Трајковски.

Средствата за проектот се обезбедени преку Бирото за регионален развој, во рамки на Програмата за развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој.

Општината најавува дека во иднина ќе се работи и на други активности за унапредување на животната средина и за намалување на загадувањето

ИЗДВОЕНИ