Повеќе од седум милиони евра чинат проектите што се директно финансирани од централниот буџет и кои треба да помогнат во развојот на Штип, изјави премиерот Христијан Мицкоски при пуштање на затворениот базен во Штип.
Тој посочи дека е убеден дека градоначалникот на Штип, како и досега, така и во иднина ќе продолжи да реализира проекти за Штип и штипјани.
– Продолжуваме и понатаму да инвестираме во спортот, затоа што, како велат, во здраво тело – здрав дух. Ние би сакале да ги навикнеме младите да спортуваат уште од најрана возраст бидејќи на тој начин се градат во вистински личности, личности кои витешки ќе се борат во својот живот и ќе напредуваат. Ова е еден од владините проекти од Министерството за спорт каде што има учество и општината, но најголем дел е од Министерството за спорт. Но, не е само ова, во првиот и во вториот јавен повик повеќе од седум милиони евра се проекти кои сe директно финансирани од централниот буџет, кои треба да помогнат во развојот на Штип. Јас сум убеден дека градоначалникот, како и досега, така и во иднина, со вонредниот свој, би рекол, проектен менаџмент, ќе ги сработи овие проекти, и ќе додаде вредност во животот на Штип – изјави премиерот Мицкоски.
Со тие проекти Штип доби една современа, модерна физиономија, дека е навистина центар на Истокот.