Пуштен во употреба комплетно обновениот кабинет по  информатика

101

Во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ денеска официјално беше пуштен во употреба комплетно обновениот кабинет по информатика.

Со оваа инвестиција, учениците добија целосно нов и модерно опремен простор, со нови маси и столици, а целосно е заменета електрична инсталација, освежени се и молерисани ѕидовите и поставени се едукативни и инспиративни апликации.

Овој кабинет беше овозможен благодарение на донации  од општествено одговорни компании. Новите десктоп компјутери се донирани од страна на Борче Стаменов, преку иницијативата donirajkompjuter.mk, како и од родителот Кирил Александров.

 – Опремувањето на овој кабинет по информатика претставува уште еден чекор кон дигитализацијата на наставата – процес кон кој стреми целиот свет, а Кисела Вода како општина која прва се дигитализираше во регионот, го следи тој пат со целосна посветеност. Кога заедно инвестираме во децата, инвестираме во нашата иднина. Тоа е нашата најголема обврска и највредна мисија-истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ инаку е првото целосно инклузивно основно училиште во Скопје. По завршувањето на реконструктивните зафати, училиштето доби нов покрив и фасада, лифт за ученици со попреченост, сензорна соба, пристапни рампи, специјални тоалети, тактилни патеки, со што е создадена целосно пристапна и инклузивна средина за сите ученици.

ИЗДВОЕНИ