среда, февруари 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Пуштен во пробна работа новиот трансформатор во ТС Дуброво со моќност од...

Пуштен во пробна работа новиот трансформатор во ТС Дуброво со моќност од 300 MVA

61

Новиот 400/110 kV трансформатор во ТС Дуброво со моќност од 300 MVA, со успешно завршената монтажа и ставање под напон е пуштен во пробна работа и по еден месец треба да биде интегриран елемент во електроенергетскиот систем.

АД МЕПСО соопшти дека овој чекор е резултат на посветената работа на стручниот тим на нивната подружница ОПМ, како и дека проектот е реализиран според планираната динамика и според сите технички стандарди, од транспорт и монтажа, до тестирање и вклучување на трансформаторот.

Ставањето во пробна работа на новиот трансформатор означува нова фаза во развојот на преносната инфраструктура, особено во услови на зголемена потрошувачка на електрична енергија и сè поголема потреба за интеграција на обновливи извори на енергија (ОИЕ), велат од МЕПСО.

Клучни придобивки од инвестицијата се, наведуваат, подобрување на напонските можности во регионот, поголема стабилност и флексибилност на преносната мрежа, поддршка за развој на нови капацитети од ОИЕ, квалитетно и континуирано снабдување со електрична енергија за домаќинствата и стопанството.

– ТС Дуброво е еден од клучните енергетски јазли во земјата. Со новиот трансформатор, постројката добива значително зголемена сигурност и доверливост, што ја прави подготвена за идните предизвици, поголем економски пораст и развој, транзиција кон зелена енергија, регионална поврзаност и подобар животен стандард. Пробната работа е дел од стандардната процедура при пуштање на вакви електроенергетски уреди и трае еден месец по што и официјално влегува како интегриран елемент во електроенергетскиот систем, се вели во соопштението.

ИЗДВОЕНИ