„Пурпурна имагинација“ на Сафет Спахиу во Чифте амам

18

Во Чифте амам, на 11 ноември, во 19 часот, ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на тетовскиот Државен универзитет, Сафет Спахиу, со наслов „Пурпурна имагинација“. Ќе бидат изложени педесет дела од овој негов последен циклус на слики изработени во комбинирана техника. Изложбата ќе ја отвори директорот на Национална Галерија на Македонија, Али Синани.

-Изложбата од циклусот „Боја на пурпурот“ на ликовниот уметник Сафет Спахиу во Националната галерија на Македонија, ни го открива неговиот творечки пат преку неколку поетични кругови во кои – низ силен индивидуален израз кој доминира во формирањето на неговата моментална преокупација – е даден белег на поетски приказ. За реализација на комплексната идеја на содржината и начинот на кој ја прикажува темата, поетиката на пурпурната боја ја визуализира во графикон со експресивен тоналитет на заднина со јасни контури и константен впечаток на наративни симболи, со јасно изразена рефлексија. Со истакнати претстави, со студиозно и прецизно обликување на дадените проблеми на творечката способност за креација, Спахиу исцрпно ја конципира својата идеја на правилно изведена композиција…, се вели кон изложбата на Спахиу.

Кустос на изложбата е Маја Крстевска и истата ќе биде отворена до 24 ноември.

ИЗДВОЕНИ