„Пумпај: The student uprising! Шпанците снимаат документарец за студентските протести во Србија, погледнете ја најавата/ВИДЕО

56
Instagram screenshot

Шпанскиот новинар Раул Галего Абелан кој ги следеше српските студенти за време на протестите го објави најавното видео за документарниот филм „Пумпај: The student uprising“!

„Додека повеќето западни млади се движат помеѓу апатија и десница, српската младина се крена – борејќи се за демократија и човекови права“, напиша Галего Абелан на Инстаграм, покрај најавното видео за документарниот филм што го снима за студентите.

„Најдолгиот и најголемиот студентски протест во модерната европска историја. Може ли мирна револуција да триумфира во 21 век? Зошто оваа борба се држи во сенка на глобалните вести? И каква улога играат литиумот и меѓународната политика во сето ова? Наскоро“, напиша тој, како што објави Време.

ИЗДВОЕНИ