Пукањето во Белград се случило во близина на домот на Мирослав Илиќ, а тој не чул ништо!

465

Во пукотница што се случи денес во бар во Вишњичка Бања, пет лица се повредени, а една жена се бори за живот.

Според неофицијални информации, на пукотницата ѝ претходела тепачка, а сè се случило на нешто повеќе од 300 метри од куќата на српскиот пејач, Мирослав Илиќ.

Илиќ зборуваше со српските медиуми за инцидентот.

– Не сум слушнал ништо. Живеам на мирна улица, во мирна област.

– Бог да чува што се случува. Не гледав вести и не сакам да знам – изјави Мирослав за српски Телеграф.

За потсетување, во пукањето беа повредени неколку лица, според информациите на српски „Блиц“, едно лице е примено во болница без знаци на живот, но подоцна е реанимирано, а двајца се тешко повредени.

Голем број полицајци се на местото на настанот.

Неколку случајни жртви на пукањето во Белград, напаѓачите изрешетале локал: Жената за која српските медиуми известија дека починала, е реанимирана

 

ИЗДВОЕНИ