Пукачите и натаму Н.Н лица за полицијата

Повредените од престрелката во Тетово се стабилни

104

По направените операции, повредените од престрелката во Тетово што се случи во неделата после пладне се во стабилна состојба, информираат од Клиника.

Во огнената престрелка зад која неофицијално стојат нерасчитени сметки, почина маж , а истрагата треба да одговори поради што се пукало сред бел ден во Тетово.

Денеска таму беше директорот за јавна безбедност Александар Јанев, кој на жителите им гарантираше мир во зедницата.

„Сакам граѓаните на Тетово и регионот да знаат дека полицијата е целосно мобилизирана и посветена. Се преземаат активности за да се гарантира и испорача безбедноста. Нема да дозволиме стравот и насилството на поединци да ја нарушат секојдневната сигурност и мирот во заедницата. Истовремено, на сторителите и сите кои мислат дека со оружје можат да решаваат спорови и несогласувања им порачувам дека ќе бидат пронајдени, изведени пред лицето на правдата и санкционирани. Полицијата ги стави во функција сите потребни служби со цел да бидат фатени сите инволвирани во овој инцидент“, изјави Јанев и ги повика граѓаните да споделуваат информации со полицијата.

Во вооружената пресметка помеѓу луѓе што се возеле во две возила, повредени беа неколкумина меѓу кои и 13 годишно девојче. Повредени имаше и од сообраќајката која ја причиниле непознатите пукачи. Мртвиот маж беше пронајден во трет автомобил од марката „Голф“.

 

ИЗДВОЕНИ