Францускиот гигант ПСЖ е совршен пример дека и без помошта на најголемите фудбалски ѕвезди може да се реализираат некои од зацртаните цели кога е во прашање најквалитетното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Популарните „светци“ денеска ќе го одиграат првиот полуфинален дуел против лондонскиот премиерлигаш Арсенал. Четата на Луис Енрике е на само еден чекор до посакуваниот финален натпревар кој остана само сон во времето кога дресот на ПСЖ го носеа Лионел Меси, Неимар и Мбапе.
Нема дилема дека шпанскиот струњак има на располагање и повеќе од квалитетен тим, кој го елиминираше новиот шампион на Англија, Ливерпул и премиерлигашот Астон Вила.
Од друга страна, домаќинот на денешниот натпревар се пласираше во полуфиналето откако си поигра со холандскиот преставник ПСВ и откако го елиминира бранителот на тронот, шпанскиот гигант Реал (М).
-Дали сум направил некаква анализа на Арсенал? Не, затоа што одлично го познавам противникот. Веќе подолг период го следам Арсеал. Кога е во прашање мојот тим, јас добро знам каков квалитет поседуваме, кои ни се маните, што треба да се промени. Точно дека има место за напредок, но ако се фокусираме на негативните рабори, тогаш тоа е наш проблем, но ние не го правиме тоа. Нема совршен тим, нема ни да има. Ова е одличен период во сезоната, а ние сме опседнати со Лигата на шампиони, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.
Крилниот напаѓач на Арсенал, Леандро Тросард, имаше јасна порака за најверните фанови на лондонскиот премиерлигаш.
-Мора да има електрична атмосфера на трибините. Домашната публика сигурно ќе биде позади нас, ќе биде 12-от фудбалер, таа ќе не тера да играме офанзивно, да напаѓаме, да се браниме кога ќе треба. Искрено, сака да биде идентично како на дуелот против Реал (М). Тогаш навивачите беа фантастични, ни дадоа невидена подршка против шпанскиот клуб. Ќе биде фантастично како се повтори таа атмосфера, изјави белгискиот интернационалец.
Арсенал и ПСЖ играа меѓусебе во првата фаза од Лигата на шампиони, а дуелот на „Емирати“ заврши со триумф на лоднонскиот премиерлигаш од 2:0.