Екипата на Пари Сен Жермен ја забележа најважната победа сезонава во Лигата на шампионите, откако славеше над ПИК Сегед пред својата публика со 29:28 и математички си обезбеди пласман во осминафиналето. Тоа значи и крај на сите надежи на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер за историски  пласман во нокаут – фазата, затоа што на две кола до крајот на групната фаза битолчани заостануваат четири бода во однос на ГОГ Гудме, кој има подобар скор во меѓусебните дуели.

Најефикасен во таборот  на парижани беше Пранди со осум гола, а на ниво беа уште Шипжак со седум и Омар со шест гола. За гостите прв на листата на стрелците беше Фримел со осум гола.

Голема драма имаше и во Полска, каде што гигантот Магдебург во последните секунди се спаси од пораз од Висла Плок. Полскиот тим до пред самиот финиш имаше предност од пет гола, но германската машина проработи во вистински момент за конечни 29:29.

Ракометарите на Барселона, пак одиграа уште една моќна партија во Лигата на шампионите, ja запишаа единаесеттата победа во групата Б и ја продолжија трката со Магдебург за лидерската позиција на табелата. Старо нова „жртва“ на шпанскиот гигант беше Загреб кој убедливо загуби со 45:26.

Карлос Ортега, кој ја предводи Барселона, пред  самиот натпревар ги изриба „плинарите“ . Со оглед на тоа што тимот смени тројца тренери оваа сезона: Андрија Николиќ, Ненад Шоштариќ и Борис Дворшек.

“Тоа е клуб кој толку често менува тренери што е многу тешко да се има позитивна динамика и проект во кој играчите се чувствуваат удобно. Во последните десет години сигурно имаа повеќе од 15 или 20 тренери. Тоа е лудост”, изјави Ортега.

Ништо не згреши бидејќи од 2016 година до сега, Загреб го водат Веселин Вујовиќ, Силвио Ивандија, Славко Голужа, Касим Каменица, Златко Сарачевиќ, Лино Червар, Бранко Тамше, Игор Вори, Владо Шола Шиќ, Тополчиќ, Ивица, Ивича. и Велимир Петковиќ, а по оваа сезона наводно доаѓа Хрвоје Хорват.

 

ИЗДВОЕНИ