ПСЖ продава 11 играчи и прави брутална чистка по поразот од Челзи!

510
epa11027859 PSG players react after the UEFA Champions League group stage soccer match between Borussia Dortmund and Paris Saint-Germain, in Dortmund, Germany, 13 December 2023. EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Луис Енрике и челниците на ПСЖ наводно донеле одлука дека 11 играчи ќе го напуштат клубот по срамниот пораз од 3-0 во финалето на Светското клупско првенство.

Челзи го доби финалето на ова натпреварување со 3:0, два гола постигна Кол Палмер, а еден Жоао Педро.

Така, Енцо Мареска освои два трофеи како тренер на Челзи оваа сезона, откако претходно ја освои и Конференциската лига. За ПСЖ, ова беше разочарувачки крај на магичната сезона во која успеаја да ја освојат и Лигата на шампионите.

Неколку дена подоцна се појави информација дека челниците на ПСЖ и Луис Енрике донеле одлука излезната врата од „Паркот на принцовите“ да им биде покажана на 11 играчи.

Според францускиот весник „Ле Паризиен“, Луис Енрике се откажал од услугите на Милан Шкрињар, Норди Мукиеле, Карлос Солер, Марко Асенсис и Рандал Коло Муани.

Сите беа на позајмица минатата сезона, а ниту еден од нив не се докажа доволно за да биде дел од тимот на ПСЖ во новата сезона.

Дополнително, Габриел Москардо, Лукас Ернандез, Лукас Бералдо, Канг-ин Ли и Гонкало Рамос се играчи на кои им е кажано да бараат нови клубови ако имаат намера да играат следната сезона.

Конечно, тука е и голманот Џанлуиџи Донарума, кој исто така би можел да го напушти ПСЖ ова лето. Причината е што неговиот договор истекува на крајот од следната сезона, и како што стојат работите, тој нема да биде продолжен.

Во тој случај, челниците на ПСЖ имаат две опции. Едната е да го пуштат како слободен агент на крајот од следната сезона, а другата е да го продадат ова лето.

Изминатите неколку недели голем интерес за италијанскиот интернационалец покажаа челниците на Челзи, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Кога станува збор за потенцијални пристигнувања во ПСЖ, единственото што во моментов се споменува е доаѓањето на централниот дефанзивец на Бурнамут, Илиа Забарни.

 

ИЗДВОЕНИ