ПСЖ го брани трофејот кој ќе биде нападнат од Барса, Реал, Сити…

153
epaselect epa12148248 PSG captain Marquinhos lifts the trophy after the team won the UEFA Champions League final between Paris Saint-Germain and Internazionale Milano in Munich, Germany 31 May 2025. PSG won 5-0. EPA-EFE/RONALD WITTEK

За неколку часа, фудбалските фанови ќе имаат шанса да уживаат и во новата сезона од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Втора сезона по ред, ЛШ ќе се игра во нов формат, прво ќе бидеме сведоци на еден вид лигашки натпревари, а потоа на ред се елиминациските рунди. Првите осум тим ќе обезбедат директен пласман во 1/8 финалето, додека тие кои ќе бидат од 9 до 24 позиција ќе играат дополнителни бараж натпревари. Преостанатите осум клуба ќе бидат елиминирани.

Францускиот гигант ПСЖ ја има таа чест да биде бранител на трофејот, но и годинава популарните „светци“ се во групата на фаворити кога е во прашање „пехарот со уши“. Освен ПСЖ, фудбалските стручњаци, но и обложувалниците, веруваат дека најблиску до зацртаната цел се и тимовите на Барселона, Реал (М), Манчестер Сити и Баерн (М).

Кога се во прашање денешните натпревари, убедливо најголемо внимание ќе привлече дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ помеѓу шпанскиот гигант Реал (М) и францускиот претставник, Олимпик од Марсеј. „Кралскиот клуб“ на совршен начин ја стартуваше новата сезона во Ла Лига, каде што е лидер на табелата, а се очекува со победа да ја започне и новата сезона во ЛШ.

Шефот на стручниот штаб, Чаби Алонсо, има проблеми кога е во прашање дефанзивната линија, Антонио Рудигер заработи посериозна повреда и не е во комбинација, но сите погледи, сосема очекувано, ќе бидат насочени кон Килијан Мбапе, кој додека играше за ПСЖ беше вистински кошмар за дефанзивците на Олимпик од Марсеј.

На хартија се очекува да има далеку поглема неизвесност на „Алијанц арена“ каде што италијанскиот калчо гигант Јувентус ќе го нагости германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд. „Старата дама“ забележа три победи во првите три кола од новата сезона во Серија А, додека „милионерите“ од „Сигнал Идуна Парк“ полека но сигурно се враќаат на победничката патека во домашниот шампионат.

Интересно ќе биде и во Билбао каде што домаќинот, тимот на Атлетик, ќе се обиде да оствари позитивен резултат во дуелот против лондонскиот премиерлигаш Арсенал.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА: Атлетик Б. – Арсенал, ПСВ – Ројал Унион, Бенфика – Карабах, Јувентус – Борусија Д., Реал (М) – Марсеј, Тотенхем – Вилјареал.

ИЗДВОЕНИ