Првпат во историјата: Украинците погодија два руски амфибиски авиони/ВИДЕО

37

Украинските сили за прв пат соборија два руски амфибиски авиони „Бе-12 Чајка“ на окупираниот Кримски полуостров, објави утрава украинската воена разузнавачка служба (ХУР).

Нападот е извршен на 21 септември од страна на специјална единица на ХУР наречена Примари, се вели во соопштението. Објавено е и видео од нападот.

„Ова е првиот напад врз Бе-12 во историјата“, објави агенцијата. „Бе-12 Чајка“, советски амфибиски авион познат по своето известувачко име во НАТО со ознака  „Мејл“, е специјализиран за борба против подморници и е опремен со висококвалитетни системи за откривање и уништување подморници.

Одделно, ХУР тврди дека украинските војници собориле и руски хеликоптер Ми-8. Еден ден претходно, истата агенција објави дека уништила три руски хеликоптери Ми-8 и радарска станица во Крим.

ИЗДВОЕНИ