среда, февруари 25, 2026
Дома МАГАЗИН Првпат пред камерите по неодамнешното киднапирање: Даниел Кајмакоски настапи во ревијалниот дел...

Првпат пред камерите по неодамнешното киднапирање: Даниел Кајмакоски настапи во ревијалниот дел на „Песна за Евровизија 2026“ во Србија

121
Фото:РТС, принтскрин

Даниел Кајмакоски настапи во ревијалниот делот од првата полуфинална вечер на српскиот избор  Песна за Евровизија 2026, што е воедно и негово прво појавување пред камерите по неодамнешното киднапирање, пренесе „Нова.рс.

Првото полуфинале на Песна за Евровизија 2026 во Србија беше емитувано синоќа, а по завршувањето на гласањето, публиката имаше можност да го види на сцената.

Кајмакоски настапи со танцов ансамбл и ја изведе песната „Никој освен тебе“ од 2018 година.

Неговиот настап привлече особено внимание, бидејќи ова беше негово прво телевизиско појавување по неодамнешниот инцидент кога беше жртва на киднапирање, пишува Нова.рс.

Инаку, полицијата сè уште ги бара двајцата мажи кои го киднапираа пејачот рано наутро во неделата во Бетон Хала во Белград.

Според претходните информации, Даниел бил пронајден врзан на задното седиште од автомобил, додека киднаперите избегале кон шумата откако го удриле во рамото.

Истрагата се води во неколку насоки, а се проверува и дали пејачот бил претходно типуваан.

ИЗДВОЕНИ