Првпат по повеќе од еден век: Реката Сена која тече низ Париз е отворена за капење

165
Фото:википедија
Реката Сена, која тече низ Париз, се отвора повторно за капење по повеќе од 100 години забрана.
По проектот за чистење вреден 1,4 милиони евра што Париз го спроведе за да ја направи реката безбедна за натпреварите на минатогодишните Летни олимписки игри, од утре се отвораат три капалишта на бреговите на реката.

Пливањето во Сена е забрането од 1923 година, со неколку исклучоци, поради загаденоста и ризикот поради текот на реката, а капењето надвор од капалиштата и понатаму ќе биде забрането.

Заменик-градоначалникот на Париз, Пјер Рабадан, рече дека водата се тестира секој ден за да се потврди дека е безбедна за пливање.

„Тестовите се во согласнот со европските прописи од почетокот на јуни, со само два исклучоци поради дожд и загадувањето од бродовите“, рече тој.

Рабадан додаде дека квалитетот на водата е подобар отколку минатата година.
Капалиштата ќе бидат отворени до крајот на август и влезот ќе биде бесплатен, а тука може да се капат сите пливачи постари од 10, односно 14 години на некои локации.
 .

ИЗДВОЕНИ