вторник, јануари 27, 2026
Дома МАГАЗИН Првпат по драмата со синот Бруклин, Дејвид Бекам јавно ѝ се обрати...

Првпат по драмата со синот Бруклин, Дејвид Бекам јавно ѝ се обрати на Викторија: Никој не го заслужува тоа повеќе од тебе/ФОТО

269
Фото:принтскрин, Инстаграм

Дејвид Бекам јавно ѝ се обрати на својата сопруга Викторија за прв пат по драмата со синот Бруклин.

Британската дизајнерка синоќа ја доби една од најпрестижните француски културни награди – титулата Витез од редот на уметноста и книжевноста, доделена од француското Министерство за култура.

Свечената, интимна церемонија се одржа во Париз, град кој Бекам го смета за професионална и креативна база со години.

Дејвид објави слики од церемонијата на својот Инстаграм профил.

Нивните деца Круз, Ромео и Харпер Бекам беа таму.

Круз и Ромео ги доведоа своите партнерки.

Најстариот син Бруклин, кој неодамна остро ги критикуваше своите мајка и татко, беше отсутен.

Тој неодамна јавно ги обвини дека со години манипулирале со медиумите и се обидувале, како што тврди, да го саботираат и уништат неговиот брак со сопругата Никола Пелц, сè со цел да го зачуваат сопствениот имиџ и бренд.

Пораката на Дејвид беше емотивна.

„Многу сме горди на тебе и на сè што си постигнала. Никој не го заслужува тоа повеќе од тебе. Те сакаме“, напиша Дејвид.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

ИЗДВОЕНИ