Романија соопшти дека пронашла две масерки со лепра во спа центар во северозападниот град Клуж, што е прв потврден случај на болеста во земјата од Европската Унија по повеќе од 40 години.
Уште две лица се тестираат, објави „Ројтерс“, а двата потврдени случаи – двајцата индонезиски државјани, на возраст од 21 и 25 години – примаат третман, додаде Министерството за здравство.
Министерот за здравство Александру Рогобете рече дека корисниците на спа центарот не треба да се грижат, бидејќи е потребна продолжена изложеност за да се пренесе болеста.
Една од пациентките неодамна се вратила од Азија, каде што поминала еден месец со нејзината мајка, која моментално е хоспитализирана со истата болест, рече Рогобете, според државната новинска агенција Агерпрес.
Властите го затворија спа центарот додека не заврши истрагата, соопштија здравствените службеници, пренесе „Н1“.
Последниот потврден случај на лепра во Романија, позната и како Хансенова болест, е откриен пред 44 години, соопшти министерството.












