Првпат по 105 надбискупи на Кентербери, на чело на Англиканската црква ќе застане жена

56
Фото:википедија

За прв пат, жена ќе ја води Англиканската црква – Сара Мулали (63), која денес беше назначена за следен надбискуп на Кентербери.

Нејзиното назначување е голема пресвртница во црквата, која ги воведе своите први жени свештенички во 1994 година и својата прва жена епископ во 2015 година, пренесува „Бета“.

Таа доаѓа на чело на црквата по 105 машки надбискупи на Кентербери.

Мулали официјално ќе стане надбискуп на Кентербери на церемонија во катедралата во Кентербери во јануари, а потоа ќе биде поставена на церемонија на која ќе присуствува кралското семејство.

Кралот Чарлс Трети, кој го одобри нејзиното назначување, ѝ честиташе и ја истакна важноста на нејзината улога, која ќе има глобални последици.

Премиерот Кир Стармер го поздрави нејзиното назначување и ѝ посака среќа.

Сара Малали, која претходно беше епископ на Лондон, ја носи титулата „дама“, машки еквивалент на витезот „сер“.

Таа го стекнала своето теолошко образование на Југоисточниот институт за теолошко образование по студирањето на Универзитетот во Лондон Саут Бенк и колеџот Хејтроп, Универзитет во Лондон.

Нејзиното назначување се чека речиси една година откако надбискупот Џастин Велби ја објави својата оставка поради скандал поврзан со заштитата на жртвите.

Малали се соочува со низа проблеми во црквата, вклучувајќи поделби околу третманот на жените и ЛГБТ лицата и скандали со сексуална злоупотреба што ја мачат црквата повеќе од една деценија.

Во денешните изјави, Малали се осврна и на миграцијата, еутаназијата, на кои се спротивставува, а во врска со вчерашниот терористички напад врз синагога во Манчестер, таа рече дека Англиканската црква „има одговорност да застане со еврејската заедница против антисемитизмот“ и дека „не смееме да дозволиме да бидеме поделени од омраза и расизам“.

ИЗДВОЕНИ