вторник, февруари 17, 2026
Дома МАГАЗИН Првото затемнување на Сонцето оваа година – денеска ќе биде видливо во...

Првото затемнување на Сонцето оваа година – денеска ќе биде видливо во некои делови од светот

33

Првото затемнување на сонцето оваа година ќе биде видливо во некои делови од светот денес. Затемнувањето ќе биде видливо само за околу 2 проценти од светската популација, главно на Антарктикот, делови од Африка и Јужна Америка, соопштија астрономите, објави CNN.

Таканареченото „прстенесто“ затемнување на сонцето се случува кога Месечината поминува помеѓу Земјата и Сонцето, но е премногу далеку во својата орбита за целосно да го блокира Сонцето, создавајќи препознатлив „огнен прстен“ околу темната силуета на Месечината.

Изворите велат дека до 96 проценти од сонцето ќе биде покриено од Месечината за време на целосното затемнување.

Феноменот најдобро ќе се види на станицата Конкордија на Антарктикот и ќе трае околу два часа.

Поради тесната патека на затемнувањето, набљудувачите ќе мора да користат технологија или пренос во живо за да го видат овој редок феномен, додека делумно затемнување ќе биде видливо во Јужна Африка, Аргентина, Чиле, Мадагаскар, Маврициус и други делови од јужна Африка, објави Танјуг.

Се предвидува дека затемнувањето ќе го видат околу 176 милиони луѓе.

НАСА предупредува на важноста од безбедно набљудување на затемнувањето, со задолжително користење на сертифицирани очила за затемнување, бидејќи гледањето директно во Сонцето без заштита може сериозно да ги оштети очите.

За време на целосно затемнување на Сонцето, во точката на максимална целосност – кога Месечината целосно го покрива Сонцето, очилата за затемнување можат привремено да се отстранат, истакнуваат експертите. Прстенестото затемнување на Сонцето ќе следи по затемнувањето на Месечината помалку од еден месец подоцна, кое ќе се случи на 2 или 3 март.

Месечевите затемнувања и затемнувањата на Сонцето често се случуваат во рок од неколку недели едно од друго, а тоа се должи на механиката на системот Сонце-Земја-Месечина што го предизвикува затемнувањето. Месечевото затемнување ќе биде видливо од Северна и Јужна Америка, делови од Азија, Австралија и Нов Зеланд.

ИЗДВОЕНИ