Првото издание на „Интервизија“, алтернатива на европската „Евровизија“, се одржа во Москва, идната година домаќин е Саудиска Арабија

74
Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Вчера во Русија се одржа „Итервизија“, фестивал кој нема знамиња во боите на виножитото и промовира традиционални и религиозни вредности. „Интервизија“ е одговорот на Путин на Евровизија и покрај големите напори фестивалот да биде совршен, одвреме-навреме се вовлекуваа некои грешки, кои гледачите можеа да ги забележат во преносот во живо.

Фестивалот „Интервизија“, кој во неколку наврати се одржуваше до 1980 беше возобновена годинава со претседателски указ на Владимир Путин, откако беше исклучена од „Евровизија“ во 2022 година поради инвазијата на Украина. Тој ѝ се обрати на публиката во видео порака.

На годинешното издание, учествуваа и Кина, Индија, Бразил, Белорусија, Куба, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Венецуела, Узбекистан, Виетнам и Мадагаскар.

Русија го обнови натпреварот 

„Сигурен сум дека овој натпревар ќе стане еден од најпрепознатливите и најомилените во светот, бидејќи преку дијалог и меѓусебна доверба стануваме духовно побогати“, рече Путин.

Меѓу членовите на жирито беше и американскиот музичар Џо Лин Тарнер, кого организаторите погрешно го потпишаа во неколку наврати во преносот.

Организаторите нагласија дека „Интервизија“ нема никаква врска со политиката, но рускиот претставник Шаман очигледно заборавил на тоа, па по својот настап одржа говор во кој побара од меѓународното жири да не го зема предвид неговиот настап при гласањето бидејќи, како што вели тој, „Русија е победник во сите области, вклучително и „Интервизија“, каде што победи со тоа што покани толку многу земји да ѝ се приклучат“, пишува „Индекс магазин“.

Презентерите зборуваа на три јазици

Друга од ситуациите што не ја испланираа добро беа презентерите. Настанот го водеа руски водителски пар, Кинез кој го зборуваше својот дел на кинески и Индијка која го зборуваше својот дел на англиски. Непосредно пред почетокот на натпреварот, беше објавено дека претставникот на САД, пејачката Васи, нема да се натпреварува во финалната вечер.

Како причина го наведоа невидениот политички притисок од Владата на Австралија, што доведе до откажување на настапот.

Победник беше претставникот на Виетнам Дук Фус со песната „Небесен крал Фу Донг“. Во позадина на неговиот настап беше проектирано затемнување на сонцето, а тој доби парична награда од 30 милиони рубли за првото место.

Второто место го освои номадското трио од Киргистан, а третото место му припадна на Катар. Претставникот на Србија, Слободан Тркуља, го освои 14-то место од 23 места. Српските медиуми го објавија неговиот настап со изјави како: „Тркуља ја разнесе Москва“ и „Србија е балканска сила“. Следната година, домаќин на „Интервизија“ ќе биде Саудиска Арабија.

ИЗДВОЕНИ