петок, февруари 13, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Првообвинетиот за „Пулс“ Дејан Јованов во притвор со мобилен телефон – судијката...

Првообвинетиот за „Пулс“ Дејан Јованов во притвор со мобилен телефон – судијката се закани со забрана за посети

240

Судијката Дијана Груевска Илиевска на денешното рочиште за пожарот во „Пулс“ информираше дека во келијата на првообвинетиот Дејан Јованов, кој се наоѓа во притвор во затворот во Куманово, бил пронајден мобилен телефон „Нокиа“ со СИМ картичка.

Судијката упати остро предупредување до Јованов, предупредувајќи го на последиците доколку ваквиот прекршок се повтори.

„Не знам кој ви ги носи, не знам, но сега ќе дадам опомена. Да не се повтори. Следниот пат ќе забранам посети“, го укори судијката Груевска Илиевска првообвинетиот Јованов.

На едно од претходните рочишта, судијката информира дека десетина мобилни телефони биле најдени кај обвинетиот Џеваир Камбери во затворот во Шутка.

Инаку, на денешното рочиште, кое доцнеше поради отсуство на еден од адвокатите, предвидено е сослушување на тројца сведоци, односно законски застапници на оштетените.

ИЗДВОЕНИ