Првообвинетата докторка се спогоди, три ипол години затвор и да врати 15 илјади евра

Поднесено обвинение против 36 лица за злоупотреби со туѓа нега и инвалидска пензија

957

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица поради злоупотребите со туѓата нега и инвалидските пензии. Дел од нив се обвинети и за злосторничко здружување бидејќи по претходно договарање за пари посредувале при добивање на најниска пензија или нега на граѓани кои немале право на тоа.Цената за овие услуги се движела од 150 до 5000 евра, зависно од видот и времетраењето на правото што се обезбедувало.

Организаторите и припадниците на групите – меѓу кои се и лекари, адвокат и службени лица од неколку јавни установи – користеле своја службена положба и реално влијание за незаконско издавање на медицински мислења и одлуки во корист на барателите на права. На овој начин, биле заобиколени одредбите од Законот за социјална заштита.

Во досегашниот тек на постапката, 13 обвинети склучиле спогодби со обвинителството и врз основа на истите Кривичен суд Скопје изрече пресуди при што првообвинетата е осудена на единствена казна затвор во траење од три години и шест месеци за кривично дело – Злосторничко здружување, кривично дело – Давање поткуп и кривично дело – Примање поткуп, воедно ѝ се одземаат и противправно стекнати 15000 евра, а на останатите кои се спогодија им е изречена алтернативна мерка – условни осуди на казна затвор од 1 до 2 години, која казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите во рок од три односно пет години не сторат ново кривично дело. Со обвинителниот акт јавниот обвинител му предложи на судот на обвинетите да им бидат продолжени веќе изречените мерки на обезбедување – мерка притвор за пет лица и мерка куќен притвор за пет лица, а за останатите обвинети мерки на претпазливост. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ