Првомајскиот протест на ССМ заврши пред Владата – се бараше пристојна плата за пристојна работа

88
Фото:П.Стојановски

Тука сме за минимална плата од 500 евра, помножена по коефициент за сложеност затоа што 500 евра плата не е доволно. Затоа што две минимални плати не овозможуваат основни трошоци за живот на едно четиричлено семејно домаќинство. Ќе дојдеме многу повеќе ако не ги зголемат платите. Бараме пристојна плата за пристојна работа, истакна Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) пред Владата каде што заврши првомајскиот протестен марш.

За цело време на протестот се слушаа извици „Уааа“, „Лопови“ и „Апаши“, упатени до надлежните функционери и до работодавачите. На некои од транспарентите пишуваше „Бараме трошоци за храна“, „Долу капиталот, ослободување на трудот“ и сл.

„Денеска сме тука за 500 евра минимална плата, помножена со коефициент за сложеност, затоа што 500 евра плата не е доволно и затоа што две минимални плати не овозможуваат покривање на основните трошоци за живот на едно четиричлено семејство“, рече Трендафилов.

Тој додаде дека денеска тука се присутни со своите семејства, а некои, како што ги нарече, „квази синдикалци“ се дома.

Фото:П.Стојановски

 

ИЗДВОЕНИ