На 24 мај во 08:30 часот и на 25 мај 2025 година до 19:30 часот ќе се одржи првото рели со историски возила од натпреварувачки карактер за шампионатот на Националната федерација на историска возила на Македонија.
Натпреварот почнува на Сквер јадран, во Скопје, на 24 мај со старт на првата етапа на релито во 10:00 часот, а целта е Свети Николе – (Meѓунареден славјански универзитет).
Во 12 часот стартува втората етапа, а целта е плоштадот во Радовиш. Овде ќе се организира дефиле низ градот, а ќе бидат и изложени возилата.
Третата етапа стартува во 14:15 часот, а завршницата е на плоштадот во Струмица. Возилата ќе бидат изложени на отворениот паркинг во градот, а потоа свечено ќе бидат прогласени победниците. В недела, на 25.05. 2025 година ќе биде организирано дефиле и дружење на учесниците, а во 10:00 часот е тргнувањето кон Демир Капија, каде што во 11:00 часот ќе има дефиле, потоа посета и ручек во винарницата „Попова Кула“, а во 14:30 часот е тргнување кон Градско. Во 16:00 часот учесниците во релито се упатуваат во Скопје кај хотел „Белви“ каде што е завршницата во 17:00 часот
На релито ќе се настапува по сите сообраќајни прописи и правила согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Право на учество имаат: олдтајмери ( возила постари од 30 години), јангтајмери (возила постари од 25 години) и олдтајмер мотоцикли (возила постари од 30 години).
Рокот за пријавување е до 16.5.2025 година.