Прво појавување на Мадуро и неговата сопруга пред Федералниот суд на САД

351
Фото: EPA/OLGA FEDOROVA

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денес, кој беше уапсен од американските сили на 3 јануари во Каракас, треба да биде изведен на суд во Њујорк. САД го обвинија Мадуро за наркотероризам и поседување оружје и заговор против САД.

По пристигнувањето во САД, Николас Мадуро беше приведен во затворот Метрополитен во Бруклин, Њујорк. Тој беше префрлен со хеликоптер од затворот до хелиодром во близина на судот во понеделник, објави „Си-ен-ен“.

Како што може да се види на снимката објавена од американските медиуми, Мадуро се движи со тешкотии, како да му е повредена ногата. Пред да влезе во возилото во кое беше префрлен до хелиодромот, тој ги крена рацете во воздух, како симбол на пркос кон американските власти.

Мадуро беше уапсен по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја следеше целата операција од својата приватна резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида.

Американските власти изјавија дека во операцијата не се убиени американски војници, додека Куба тврди дека 32 Кубанци биле убиени за време на апсењето на Мадуро.

По апсењето на Мадуро, американскиот претседател им се закани и на други земји. Тој ѝ предложи на Колумбија дека може да преземе и воена акција против таа земја, му порача на Мексико да се „обедини“ против дрогата и повтори дека на САД „им е потребен Гренланд“, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ