Прво огласување на добитничката на Нобеловата награда за мир: „Ова е поттик за освојување на слободата“

25
EPA/MIGUEL GUTIERREZ

Лидерката на венецуелската опозиција и овогодинешна добитничка на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, денес изјави дека наградата е „огромно признание за борбата на сите Венецуелци“.

Таа рече дека наградата ја посветува на „страдачкиот народ на Венецуела и на претседателот Трамп за неговата решителна поддршка за нашата кауза“.

„Ова признание за борбата на сите Венецуелци е поттик да ја завршиме нашата задача: освојувањето на слободата. Ние сме на прагот на победата и денес, повеќе од кога било, сметаме на претседателот (САД Доналд) Трамп, народот на Соединетите Американски Држави, народите на Латинска Америка и демократските нации во светот како наши главни сојузници во постигнувањето слобода и демократија“, напиша таа на платформата X.

Како што објави Комитетот за доделување на Нобеловата награда, Мачадо беше признаена за нејзината „неуморна промоција на демократските права на венецуелскиот народ и борбата за постигнување праведна и мирна транзиција од диктатура во демократија“.

ИЗДВОЕНИ