Никола Јокиќ и неговиот Денвер нагетс се елиминирани од плејофот во НБА откако на седмиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција, против Оклахома, загуби со убедливи 125:93.

Штом заврши плејофот за него, зборуваше за српската репрезентација на првата прес-конференција по поразот. Еден од најдобрите кошаркари на денешницата истакна дека искуството од играњето за Србија на Олимписките игри ги подобрило неговите играчки вештини, а кога станува збор за Евробаскетот, кој Србија го игра во Летонија на крајот од август, рече дека ќе го земе предвид својот настап.

  • Мислам дека Олимписките игри ме направија уште подобар. Играв за мојата земја, играв по различни правила, иако, всушност, не е толку различно. Играв со други играчи, мислам дека станав уште подобар. Има Евробаскет, Европско првенство. Морам да одлучам за тоа. Ќе треба да разговарам со тренерите и со некои од главните играчи. Ќе видиме, но отсега, па натаму, веројатно ќе има многу пиво – истакна Никола Јокиќ.

ИЗДВОЕНИ