На неодамнешниот натпревар ,„Холандска наука”, кој го организираше Амбасадата на Холандија, деветтоодделенката Каја Трпкоски, од ООУ „Лазо Трповски“, во општина Карпош, заслужено го освои првото место.
– Во конкуренција на 77 учесници од цела Македонија, учесниците на натпреварот требаше индивидуално да креираат плакат со лик на познат холандски научник на кој, на креативен начин, ќе биде прикажан неговиот научен пронајдок, односно изум. Според мислењето на стручното жири, исклучително креативното претставување на холандскиот научник, Антони ван Левенхук, пронаоѓачот на микроскопот и „основач на микробиологијата“, на Каја ѝ го донесе првото место на натпреварот – соопштија од Општина Карпош.
Каја на овој натпревар учествуваше под менторство на предметниот наставник по германски јазик, Стефан Симовски.