Првото издание на фестивалот „Буквално Џез.“ ќе започне на 19 и ќе трае до 25 мај, во просторот и дворот на културниот центар „Буква“. Јавноста ќе има можност да ужива во богата и разновидна програма, а фестивалот има за цел не само да ја промовира џез-музиката, туку и да ја збогати културната сцена на главниот град, поттикнувајќи ја јавноста да се врати кон културните настани како незаменлив дел од урбаното живеење.

Фестивалот ќе понуди седум дена исполнети со џез концерти, изложби, работилници и креативни перформанси.

На 19 мај програмата стартува со трибината „Џез: звук, слика, збор“ на Владимир Мартиновски (17 ч.). Истиот ден, во 19 ч., ќе биде отворена изложбата „Jazz“ (графика, масло, скулптура од Диме Темков и Лучка Кошчак, ритмични илустрации на Михаил Парушев), а во 20:30 е вечерен концерт на Zulu 3.4. Во вторник, 20 мај, ќе може да се проследат „Џез-вињети“ со Александар Прокопиев и настап на Swing 42. Во среда (21 мај) на програмата е приказ на џез-анимации, „За џезот со душа“, во селекција на Марија Савелева и концерт на Хот џез-оркестар. На 22 мај, дел од програмата се „Азбука на скопскиот џез“ со Кирил Темков и вечерен џез-сет со Игор Спироски и Шурбе.

Во петок (23 мај) ќе може да се проследи „Шпаклофонија“ – инструментални експерименти со Владимир Лукаш, Виктор Танасковски и Тома Димовски, како и концерт на Taxi Consilium. Ликовна импровизација „Џез во боја“ со Доротеј Нешовски и настап на Odron Ritual Orchestra, се на 24 мај, а фестивалот ќе заврши на 25 мај со танцов мастер-клас „Дај од џезот“ со Билјана Грозданова, Венус, и завршен концерт на Звук Караџиќ.

Сите настани во рамки на фестивалот се отворени и бесплатни за посетителите, а симболичниот „билет“ е донација со која се поддржува реализацијата на програмата.

ИЗДВОЕНИ