вторник, февруари 24, 2026
Дома МАГАЗИН Прво демо на „летачки автомобил“ во Токио/ВИДЕО

Прво демо на „летачки автомобил“ во Токио/ВИДЕО

29
screenshot SkyDrive Inc

Јапонскиот стартап SkyDrive In го спроведе првиот демо лет на својот „летечки автомобил“ во Токио, како дел од плановите за започнување комерцијални операции до 2028 година.

Авионот SD-05 на батерии, опремен со 12 ротори, е способен да лета на растојание од 15 до 40 километри, а за време на тестот летал 150 метри над Токискиот залив, објави Kyodo.

Леталото, кое може да носи до три лица, е дизајнирано да слетува во мали простори, што го прави погоден за урбани локации.

Демонстрацијата, исто така, покажа терминал за оператори на летачки автомобили, кој го контролира полетувањето и слетувањето, користејќи систем за препознавање лица за регистрација на патници.

SkyDrive се надева дека летачките автомобили ќе помогнат во решавањето на проблемот со сообраќајниот метеж во Јапонија.

Компанијата планира да ги намали цените на билетите по 2030 година, кога би можеле да бидат конкурентни со возењето со такси, со потенцијално четири до пет пати побрзо време на патување, објави Танјуг.

ИЗДВОЕНИ