Зимските олимписки игри 2026 во Милано и во Кортина официјално почнуваат утре, а првите натпревари се одржаа во средата. Алпските скијачи имаа тренинг во спуст, на легендарната патека „Стелвио“ во Бормио.

Рајан Кохран-Зигл беше најбрз на тренингот. Треба да се спомене дека скијачите не презедоа премногу ризици поради лошото време и го искористија овој тренинг за да ја запознаат патеката. За жал, еден скијач нема по добро да го памети овој тренинг и ќе мора да ги пропушти Олимписките игри поради сериозен пад. Станува збор за Норвежанецот Фредрик Милер. Тој доживеа непријатен пад. Иако брзината не беше голема и немаше судир во заштитната ограда, Милер, за жал, се повреди. Имено, мораше да биде пренесен во болница со хеликоптер. Таа вечер беше откриено дека го изместил рамото, објавува швајцарски „Блик“.

Исто сценарио доживеа и канадскиот сноубордер Марк Мекморис, кој беше пренесен во болница со хеликоптер, по несреќа на тренинг.

Мекморис е трикратен освојувач на бронзен олимписки медал во слоупстајл (2014, 2018 и 2022 година). Во 2021 година, тој стана светски шампион. Исто така, освои два сребрени медали во слоупстајл на светските првенства (2013 и 2019 година).

ИЗДВОЕНИ