На аеромитинг во градот Чангчун, во североисточна Кина, на 16 септември се случи првиот сериозен инцидент со авиони eVTOL од кинеската компанија XPENG AEROHT, најголемиот производител на „летачки автомобили“ во Азија.
За време на формациски тест лет, се судрија две летала: едниот успеа безбедно да слета, додека другиот претрпе сериозни оштетувања и се запали при слетувањето. Еден пилот беше повреден, но повредите не се опасни по живот.
长春航展两架飞行汽车在空中相撞坠落起火!9月16日,长春航展预演结束后,广东汇天通航参与双机编队演练期间。两架eVTOL(电动垂直起降飞行器)在空中相撞后坠机,在地面燃起大火… pic.twitter.com/pYWqziAHUD
— 希望之聲 – 中國時局 (@SoundOfHope_SOH) September 17, 2025
Компанијата потврди дека судирот бил предизвикан од „недоволна оддалеченост“ помеѓу авионите, а противпожарните екипи веднаш реагирале и го изгаснале пожарот. Инцидентот е под внатрешна истрага.
Ова е првиот сериозен инцидент на XPENG AeroHT за време на јавна демонстрација. Експертите потсетуваат дека слични проблеми се случиле и кај други пионерски компании – американската Joby Aviation и германскиот Lilium исто така имале инциденти за време на тестирањето. Сето ова покажува дека технологијата eVTOL е сè уште во рана фаза на развој.
Аналитичарите предупредуваат дека безбедноста на ваквите авиони зависи од новите системи за навигација и оперативните процедури, бидејќи постојните правила за авиони и хеликоптери не се доволни. Европската агенција за безбедност на воздухопловството (EASA) и Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) сè уште работат на дефинирање стандарди и сертификација за авиони eVTOL, па затоа ваквите инциденти дополнително го зголемуваат притисокот врз регулаторите.