четврток, февруари 19, 2026
Дома СВЕТ Првиот снег во Белгија направи метеж на повеќе од 500 километри патишта

Првиот снег во Белгија направи метеж на повеќе од 500 километри патишта

63

Белгија вчера се разбуди под снежна покривка што во утринските часови предизвика огромен сообраќаен метеж со колони возила на повеќе од 500 километри патишта, јавија бриселските медиуми.

Издадено е жолто предупредување за Брисел, поголемиот дел од Фландрија и неколку валонски покраини. Службите интензивно ги расчистуваат патиштата и велосипедските патеки. Поради лизгавите коловози од снегот што се топи на возачите им се препорача да бидат крајно внимателни.Општинските служби од рано изутрина ги расчистуваа улиците, а според јавните претпријатија, за само околу 3,5 часа биле посипани 85 тони сол. Паралелно се работи и на расчистување на велосипедските патеки за да се охрабрат граѓаните да продолжат да ги користат велосипедите и во зимски услови.

Спиоред Кралскиот метеоролошки институт постојат услови и за дополнителни снежни врнежи во централните и западните делови од земјата. Локално може да се формира снежен слој од еден до пет сантиметри, иако се очекува релативно брзо да се стопи.

ИЗДВОЕНИ