Според прогнозата на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози за следните шест месеци, времето на Балканот ќе биде топло до крајот на септември, октомври ќе биде надпросечно топол, а првиот снег може да се очекува кон крајот на ноември.
Европскиот центар за среднорочни временски прогнози најавува дека октомври и ноември ќе бидат малку потопли од нормалното, но дека ќе бидеме под влијание на антициклон и не би требало да има многу дожд.
Во октомври се предвидуваат температури помеѓу 17 и 22 степени, а утрата ќе бидат сè посвежи.
„Температури од 10 до 15 степени се очекуваат на почетокот на ноември, а кон крајот на ноември – поточно од 26 ноември, се очекува првиот снег“, најави српскиот метеоролог Иван Ристиќ.
Декември и јануари ќе бидат облачни и тмурни, магловити и може да има повремени врнежи од снег, нагласи метеорологот, презентирајќи го моделот на Европскиот центар за следните шест месеци.