Висок функционер во Техеран изјави за Ројтерс дека Иран е подготвен да разговара за ограничувањата на својата нуклеарна програма, вклучително и збогатувањето на ураниум, но нема да прифати целосно откажување од збогатувањето – „особено сега, под израелски напад“, рече изворот.
Функционерот додаде дека Европа во моментов има поважна улога, со оглед на тоа што Техеран не сака да преговара со САД додека Израел продолжува со нападите, пренесува Индекс.хр.
Ројтерс забележува дека тоновите од двете страни се нешто поумерени – а американската администрација сигнализира подготвеност за преговори.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави: „Постои значителна шанса за преговори“.