Данската премиерка Мете Фредериксен објави во парламентот предлог за забрана за користење на социјалните медиуми за деца под 15 години.
„Ослободивме чудовиште. Никогаш порано толку многу деца и млади луѓе не страдале од анксиозност и депресија“, рече Фредериксен, додавајќи дека многу деца имаат и тешкотии со читањето и концентрирањето, додавајќи дека „на екраните гледаат работи што ниедно дете или млад човек не треба да ги види“.
Таа рече дека со забраната ќе бидат опфатени неколку платформи, но не прецизираше кои. На деца на возраст од 13 до 15 години ќе им биде овозможен пристап само со специјална дозвола од родителите.
Данска во февруари најави дека мобилните телефони ќе бидат забранети во сите училишта и клубови по часовите, откако комисија за благосостојба утврди децата под 13 години не треба да имаат свој паметен телефон или таблет.
Грција во јуни предложи ЕУ да дефинира „возраст на дигитална зрелост“ што ќе ги спречи децата да пристапуваат до социјалните медиуми без согласност на нивните родители.