Кремљ се огласи по состанокот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Стив Виткоф, специјалниот претставник на Доналд Трамп.
Поранешниот руски амбасадор во САД, а сега помошник на Путин, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека разговорите биле „корисни и конструктивни“.
Тој рече дека Русија „примила некои сигнали од Трамп и испратила некои сигнали како одговор“, но не прецизираше какви биле тие сигнали.
Тој рече дека Путин и Виткоф разговарале и за перспективите за развој на „стратешко партнерство“ меѓу САД и Русија.
Клучниот состанок меѓу Путин и Виткоф во Кремљ заврши, а наводно разговарале три часа.
Специјалниот претставник на Трамп денес пристигна во Москва, каде што го пречекал извршниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (RFDIF), Кирил Дмитриев, по што го посетиле московскиот парк Зарјадје.
Ова е петта посета на Виткоф на Русија од почетокот на годината.